Hootsuite стартува платформа за друштвена анализа
Hootsuite, сервис за менаџирање на друштвени сервиси како Twitter и Facebook, ја стартуваше Hootsuite Social Analytics алатката за друштвена анализа.
Hootsuite, сервис за менаџирање на друштвени сервиси како Twitter и Facebook, ја стартуваше Hootsuite Social Analytics алатката за друштвена анализа.
Google претстави апликација Androidify со која може да го персонализирате познатиот Android робот, пример, како што Google си игра со изгледот на андроидот при секоја верзија, Honeycomb, Gingerbread, со Androidify сега можете тоа да го направите и вие.
Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.
Log.mk е нов .мк бета сервис кој ги одбележува хронолошки новостите на неколку забавни .мк портали. Сервисот работи така да прикажува слика од порталот со најновите вести и притоа ги одбележува со боја според времето кога се објавени, пример зелена ако текстот е објавен до 10 часот на пладне, со портокалово од 10 до 13 часот, со црвена ако е од 13 до 17 часот и виолетово за вестите објавени до 00:00.
Google News добија редизајн фокусиран на персонализирање на веститите. Неколкуте промени ги опфаќаат одбирање на кои категориите од вестите да ви се листаат. Пример, ако сте заинтересирани само за бизнис и спорт, тогаш ги одбирате тие категории и ви се листаат само такви вести. Има и опција да си додадете ваша категорија.