Grouper.mk стигна до 500.000 купони!
Еден од ретките успешни и инспиративни македонски стартапи, Grouper.mk стигна до уште еден значителен јубилеј. Стартапот успеа да продаде 500.000 купони, а оваа бројка е уште поимпресивна доколку се има предвид дека истовремено го пробиваат патот на е-трговијата во Македонија. Овие купони се купени од 110.000 корисници, а услуги обезбедија над 2.000 соработници на Grouper. […]