1
Сега има над 100.000 апликации за iPad
iPad App Store за само една година стигна до 100.161 апликации. Фер е да се каже дека повеќето апликации веќе постоеја за iPhone и iPod, и само се оптимизираа за таблет компјутер. Но, од друга страна, бројот на апликации придонесува за iPad да си го цементира местото како најкористен таблет компјутер, иако ова делумно е и заради недостаток на конкуренција.