Сега има над 100.000 апликации за iPad

0 коментари 1 мин. читање

Брзиот растот на апликации за iPad може да се погледне од неколкуте изминати месеци. Во март имаше 75.000 апликации, за три месеци подоцна, на почетокот на јуни на Worldwide Developer конференцијата Apple да објави дека имаат 90.000 iPad апликации. Неколку недели подоцна стигнуваме до бројка од 100.161 апликации за iPad. Ова ги вклучува и новите и оптимизираните апликации.

Конкуренциајта сè уште заостанува. Најсериозниoт конкурент – Android на Google, сè уште не може да се справи со фрагментацијата на пазарот, иако се очекува есенва да се претстави Ice Cream Sandwich верзијата на Android која ќе ги соедини под една верзија на оперативниот систем сите Android уреди. Во моментов, според разни извештаи се проценува дека има само 1.000-2.000 апликации наменети за Android Honeycomb таблет компјутери.

(via Macstorie.net)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top