1
Google Instant Pages е уште побрзо инстант пребарување
Иако Instant пребарувањето овозможува брзо прикажување на резултати и сочувува „2 до 5 секунди од вашето време“, но, сепак на Google, секогаш опседнати со брзината, ова е споро, бидејќи на крај е потребно пак да се кликне линкот и пак да се чека да се отвори сајтот. Затоа Google ја претстави Instant Pages, што е опција која ќе ги подготви најревелантните резултати во позадина додека пребарувате со цел да се отворат инстантно кога ќе ги кликнете.