Tag Heuer ќе изработува Android часовници

Швајцарскиот производител на часовници Tag Heuer започна соработка со Google и Intel за изработка на Android часовник. Компанијата е позната по луксузни производи, а и паметниот часовник нема да биде исклучок. Компанијата се одлучи да креира само хардвер, а оперативниот систем да го остави на оние кои се повешти во ова.

„Има два оперативни ситеми: првиот iOS на Apple, вториот Android Wear – кој сме ние да креираме нов јазик на тоа ниво? Би било апсурдно да веруваме дека ќе креираме сопствен оперативен ситем“, вели Жан-Клод Бевер за BBC.

Tag Heuer не ја исклучува можноста слична соработка во иднина да му понудат и на Apple, но барем засега причината за која е избран Google е што компанијата не произведува часовници, па Google нема да биде конкурент на пазарот. Доколку останатите компании го следат чекорот на Tag Heuer во иднина пазарот на преносни компјутери без сомневање ќе биде далеку поинтересен отколку сега.

За сега нема податоци или слика за изгледот на часовникот, но според најавата ќе станува збор за традиционален изглед на часовник, за разлика од сегашните часовници кои со исклучоци, наликуваат на мини телефони, директорот на компанијата ветува дека Tag Heuer никогаш нема да личи на телефон. За жал сè уште нема податоци за периодот кога часовникот ќе биде достапен или барем презентиран,

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments