Најголемите технички компании и Светската здравствена организација организираат хакатон на кој ќе се бараат решенија за предизвиците на светската пандемија. Поддршка на хакатонот му дадоа и Twitter, WeChat, TikTok, Pinteres, Slack и Giphy.
Хакатонот од денес ќе биде отворен за пријави на проекти за учество, а веќе се отворени регистрациите. Проектите може да се испратат најдоцна до понеделник.
На веб-страницата на хакатонот, се објавени и неколку насоки и области за проекти кои се од интерес:
- Здравство: Решете и скалирајте решенија за здравствениот сектор, вклучително и превентива / хигиена (особено за земји со ризична популација); поддршка на здравствените работници; скалирање на медицина на далечина, стратегии за следење на контакти / изолација, развој на третман и дијагностицирање.
- Ранливо население: Збир на проблеми со кои се соочуваат постарите лица и лицата со нарушен имунитет, пример пристап до оброци и намирници и поддршка на оние кои ја губат работа и приходите.
- Бизнис: Збир на проблеми со кои се соочува бизнисот за да не пропадне, ефикасна соработка, преместување на делови од бизнисот онлајн.
- Заедница: Промовирање на поврзаност со пријателите, семејството и соседите за борба против социјалната изолација и дигитализацијата на јавните услуги за локалната самоуправа.
- Образование: Алтернативни средини за учење и алатки за ученици, наставници и училишни системи.
- Забава: Алтернативи на традиционалните форми на забава што можат да ги одржат талентот и публиката безбедни и здрави.
- Останато: Горенаведените теми се само предлози. Слободно бидете креативни!
Краен рок за пријавување на проектите е 30 март, а на 3 април треба да бидат објавени и најдобрите проекти.
За дополнителни информации посетете ја страницата на хакатонот.