Спонзорирано

Symphony Digital го отвора првиот технолошки центар во Македонија

Спонзорирано од Symphony Digital

во ИТ.МК, Спонзорирани

Symphony Digital има влијание на ИТ пазарот во Македонија од 2019 година. Кога за прв пат го отворија својот инженерски центар во Скопје, тие воедно и ја поставија основата за нови можности за талентирани IT инженери, истовремено активно придонесувајќи за развојот на локалниот ИТ еко систем. Оттогаш, Symphony Digital гради и негува силен тим кој успешно соработува со водечки компании во банкарскиот, здравствениот, трговскиот, транспортниот и енергетскиот сектор за развој и спроведување на врвни дигитални производи.

За крунисување на успесите и резултатите во претходните четири години, во среда, 14 декември 2022 година, Symphony Digital официјално ќе го отвори технолошкиот центар во Скопје, прв од ваков вид во Македонија. Ова е трет технолошки центар на Symphony Digital во Југоисточна Европа, по Нови Сад и Сараево.

Следејќи ја истата визија за создавање простор кој одговара на потребите на вработените, при тоа овозможувајќи им да се среќаваат, да соработуваат и да растат заедно, се надеваме дека ќе го видиме новиот технолошки центар Symphony Digital како место на кое се раѓаат иновациите и се споделува знаење и место на кое се одржуваат значајни и квалитетни настани, како и во нашите останати технолошки центри.

Технолошкиот центар Symphony Digital, со 2.200 квадратни метри, содржи повеќе од 15 конференциски сали, сауна, теретана, зона за релаксација и забава и тераса на покривот, а приземјето нуди широк простор од отворен карактер. Столбовите на кои се заснова Symphony Digital се постигнување на извонредни резултати притоа создавајќи мотивирачка атмосфера за секој член на заедницата.

„Symphony Digital нуди многу можности. Ние се стремиме да го направиме овој простор да биде плоден не само за вработените, туку и за локалната ИТ заедница во Скопје. Нашиот технолошки центар во Скопје е уште еден одличен пример за нашата визија, која секојдневно ја живееме во нашата работа и однесување. Го препознавме талентот на инженерите од Македонија пред многу години и денес, со новиот технолошки центар, правиме огромен чекор напред кон подобрување и унапредување на нашата работна средина, со многу пошироко влијание врз локалната економија, како и развивање на микро-заедниците во Скопје“. – изјави Зоран Маневски, директор на Symphony Digital.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Symphony Digital . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]