Switch од Nintendo е класична, но и рачна конзола во зависност од потребите

Nintendo претстави нова конзола, Nintendo Switch. Конзолата овој пат доаѓа со верзија на Tegra процесорот од Nvidia. Компанијата се надева дека новата конзола ќе биде многу поуспешна од претходникот, Wii U, кој практично беше фијаско.

Конзолата е составена од два дела, своевиден „таблет“ кој може да се комбинира со контролер или да постави на док и да се игра на телевизор. Тоа е засега сѐ што знаеме за уредот, иако Nintendo најави повеќе информации за подоцна. Сепак ова значи дека за оваа конзола нема да има различни игри за дома и за реална конзола. Истите игри ќе бидат достапни во двата мода.

nintendoswitch_hardware-0-0

Контролерот е составен од три дела. Двата дела со контролите можат да се спојат со таблетот и да ја креираат рачната конзола, или со спојување со средниот дел креираат контролер. Дополнително двата дела на контролерот работат и разделени, па вака може да се игра и мултиплеер.

Што се однесува на игрите, засега нема официјална најава, но Wired направи листа од сите игри кои се прикажани во најавата:

  • The Legend of Zelda: Breath of the Wild
  • Skyrim
  • Mario Kart 8
  • Најверојатно NBA 2K17
  • Super Mario
  • Splatoon

Иако ова се единствените игри на видеото се надевме дека до излегувањето ќе има многу повеќе. За жал, ова не секојпат е случај со Nintendo; Nintendo 3DS имаше сериозен проблем со недостаток на игри иако беше одлична конзола.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments