Бугарскиот стартап Leanplum доби инвестиција од 29 милиони долари

во Вести, ИТ.ЕУ, Свет

Стартапот Leanplum чиј основач е од соседна Бугарија, а е лоциран во Сан Франциско, досега успеа да собере вкупно 46.4 милиони американски долари. Компанијата Leanplum е создадена во 2012. Двајцата основачи Момчил Кјуркчиев и Андреј Фрст претходно беа вработени во Google. Најпрво креираа платформа за A/B тестови за девелоперите, а оттука им дојде идејата за маркетинг решение насочено кон мобилен маркетинг.

Најголем дел од овие средства компанијата ги доби во последната инвестициска рунда, 29 милиони долари. Како најголеми инвеститори во оваа фаза се јавуваат Canaan Partners, Kleiner Perkins Caufield & Byers и Shasta Ventures. Новите средства компанијата ќе ги инвестира во проширување на тимот, пред сѐ на инженерскот дел, што ќе овозможи да го продолжат својот напредок.

messaging-2-min-2x

Како прв основач на компанијата е Момчил Кјуркчиев. Компанијата има канцеларија и во Софија, а основачот инсистира дека следната година ќе го зголеми бројот на вработени во оваа канцеларија на 40. Leanplum е компанија со најголема инвестиција досега поврзана со бугарската стартап сцена, јави Capital.bg.

Без сомневање најголем продонес за инвестицијата има растот на компанијата. Причина за континуираниот раст последниве години е определбата на компанијата да го разберат секој корисник и да му овозможат најдобри можности во вистински момент. Приходите на компанијата во 2014 – 2015 тројно се зголемија, а троен раст се очекува и за оваа година. Дел од клиентите на компанијата се гиганти како Tinder, Lyft, Zynga и Macy’s.

„Светиот грал за маркетингот е разбирање на потребите на секој корисник што ќе овозможи испорака на вредност, во најдобриот момент. Мобилната платформа овозможува нивоа на интелигенција и персонализација кое не мислевме дека е пожно претходно.“, додава г. Кјуркчиев.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk