Ознаките на патот кој светат навечер кои од неодамна ги поставија во Холандија, сега започуваат да се користат и во Велика Британија. Засега два града во Англија, Лондон и Бирмингем, се заинтересирани со оваа сигнализација да ги означат велосипедските патеки. Проектот кој треба да „ги направи патиштата поетско искуство“ засега е во тест фаза, вели артистот и автор на проектот, Дан Росенгард, за BBC.
[youtube]heYGD2Cbx1k[/youtube]
„Ќе има и други големи проекти, имаме барање од Кина и Индија – на овие места се потребни безбедни патишта кои не се поврзани на електрична мрежа“, вели г. Росенгард.
Досега технологијата е искористена на автопатот N329 во Холандија, кој може да го видите подолу.