0 коментари 1 мин. читање

Суперкомпјутерот Watson сега ќе може да се користи од сите

IBM ја отвори својата платформа Watson Analytics за сите. Засега сервисот е во бета, но доколку ви се потребни пресметки и анализа од Watson потребно е единствено да креирате IBM id, а алатките ќе бидат достапни по freemium модел. Ова овозможува да ги оставите вашите податоци на Watson, а понатаму алатката ќе ви помогне со анализа на внесените податоци и корелации помеѓу нив, предвидување и сето ова со графици и инфографици.

„Бета корисниците можат да ја погледнат визуелизацијата на податоците и да пронајдат модели и соодноси и да експериментираат со предвидувањата кои ги нуди Watson. Наскоро ќе им овозможи на корисниците да креираат споствени контроли и иконографици“, јави ZDNet.

До сега Watson Analytics беше во затворена бета, а според IBM над 22.000 регистрирани корисници се заинтересирани за услугите на Watson.

[youtube]_dOwykEL-QI[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top