1 коментар 2 мин. читање 9 декември, 2014

The Foos е апликација која ги учи најмалите да програмираат

The Foos е видео игра од codeSpark чија цел е да им помогнe на децата од 5 до 8 години да ги научат основите на програмирањето. Играта е забавна и може да ги зарази и повозрасните, иако е наменета за децата кои треба во текот на играњето да им помогнат на шефот, градежниот работник, полицаецот, докторот и нинџата да ги поминат предизвиците кои се пред нив.

Новитет е што во партнерство со Hour of Code, играчите кои ќе поминат 1 час играјќи ја Foos ќе добијат сертификат за завршен Hour of Code. Играта е отворена и за сите наставници кои сакаат да ја користат за помош во наставата.

Корисникот го програмира движењето на карактерите, а првите неколку нивоа ќе му помогнат да се запознае со конторолите, за почеток играјќи со полицаецот. Потоа се отклучуваат нови карактери и нови моќи, но и нови проблеми. Во моментов се достапни 8 нивоа во кој децата ќе се запознаат со основите на програмирањето и loop-циклус. The Foos е достапна на веб, Android и iOS.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top