0 коментари 2 мин. читање 10 март, 2014

Суперкомпјутерот Watson научи да готви

Се чини дека нема нешто што суперкомпјутерот на IBM, Watson не може да го направи. Откако победи на Jeopardy!, и им асистираше на лекарите со центар на грижата за корисници и вештачка интелегенција преку облакот, најновата улога на Watson е да биде главен готвач. Watson не само што ги помни сите рецепти, туку анализирајќи ги предложените состојки може да предлага јадења, па дури и да креира сопствени јадења и да предвиди колку ќе бидат вкусни. Корисникот може да ги внесе своите омилени состојки, а Watson врз основа на ова ќе предложи кои рецепти можат да се зготват.

Според реакцијата на готвачите кои го користат Watson суперкомпјутерот, јадењата кои ги предлага се изненадувачки вкусни, дури предвидувањата за вкусот на јадењето. „Кога ги видовме состојките во дел од рецептите бевме скептични колку ова ќе функционира, но сепак ги пробавме и јадењата беа навистина вкусни“, вели Џејмс Брискони од Институтот за кулинарска едукација. Засега Watson единствено ги креира рецептите, а готвачите ги приготвуваат според рецептот, но во некоја подалечна иднина без сомневање Watson или некој негов наследник ќе бидат дел од робот готвач кој освен рецептите целосно ќе ги подготвува и јадењата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top