Супер Марио конечно пристигна на iOS, Android верзија наскоро

во гејминг, Мобилни

По долго очекување и необјасниво изостанување на легендарната Супер Марио од паметните телефони, симпатичниот водоводџија конечно пристигна. Корисниците со Android уреди за жал ќе мора да почекаат, но Марио е достапен на iOS. Ова значи дека уште сега може да го играте на iPhone или на iPad.

Можеби очекувано во првиот час откако стана достапен Super Mario Run стана најсимнуваната апликација во САД. Nintendo може да се радува бдејќи апликацијата е на врвот ла листите за најмногу преземања и најголема заработка. Досега Марио заработи помеѓу 1 и 1.3 милиони долари, а експертите предвидуваат помеѓу 60 и 65 во првиот месец, јави Recode.

Нема потреба да ве потсетуваме дека како и Pokemon GO и Супер Марио ќе се обиде да ја искористи носталгијата за да стигне до купувачите. Една од разликите е што сепак Марио беше далеку попопуларен кај публиката, иако секогаш постоеа релативно квалитетни игри на Nintendo. Играта е одлична вест за сите кои престанале да ја играат на Nintendo, но не престанале да го сакаат Марио. Сега може да играте на вашата омилена платформа, Xbox, PlayStation или PC, a Марио да го играте на вашите телефони.

Апликацијата е бесплатна за преземање или барем има бесплатно демо. Сепак откако ќе поигра корисникот ќе мора да плати 10 долари доколку сака да продолжи. Пред да се одлучите да ја купите играта, треба да знаете дека за да ја изиграте ви се потребни неколку часа.

Играта може да ја преземете на iOS App Store

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] првите четири дена, играта броеше 40 милиони преземања. Super Mario Run е бесплатна за играње, но за отклучување на сите нивоа […]