0 коментари 2 мин. читање 12 јуни, 2018

„Summit“ е новиот најбрз суперкомпјутер

САД повторно го има најбрзиот суперкомпјутер на светот. Промената на врвот доаѓа по неколку години доминација на кинеските суперкомпјутери. Суперкомпјутерот е во сопстеност на Одделот на енергија за САД.

Summit има можност за 200 петафлопи операции, што е двојно повеќе од досегашниот лидер TaihuLight со 93 петафлопи. Компјутерот ќе се користи за истражувања во астрофизика, истражување на рак и биологија. За споредба, ако секој човек на планетава прави 1 пресметка во секунда, ќе ни требаат 305 дена да го направиме она што Summit го прави во секунда, вели Digital Trends.

Summit е изарaботен од IBM и Nvidia, суперкомпјутерoт се наоѓа во Оak Ridge. Освен овие гиганти, на компјутерот работеа и Mellanox и Redhat.

САД работат на уште еден суперкомпјутер, кој иако е послаб од Summit сепак е побрз од досегашниот лидер. Sierra е суперкомпјутер во Националната лабораторија Лоренс Ливермор. Брзината на Sierra ќе биде 125 петафлопи.

Интересно е што ова сè уште нема да ја промени листата по бројот на суперкомпјутери во секоја држава. На оваа листа и натаму води Кина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top