0 коментари 2 мин. читање

Како да го измамите Amazon и да заработите

Ок нема да станете милионер, ама сепак… Начинот на кој функционира Amazon им овозможува на злонамерниците да заработат од книги кои не ги напишале. Поточно ниту некој ни напишал, ниту некој ги прочитал.

Измамниците нема да станат милионери, но можат лесно да заработат стотина долари дневно.

Измамата е едностава, измамникот остава книга, често составена од куп глупости. На првата страна на книгата има совет да отидете до крајот, најчесто се намамува со некаква награда. Штом читателот отиде на последната страна, Kindle Direct Publishing му исплаќа на авторот одредена сума.

Во случајот на Ченс Картер кој е еден од најозлогласените измамници на платформата ова се помеѓу 15 и 20 долари за прочитана книга. Секако ако некој ја прочитал книгата авторот и си ги заслужува парите, но системот само ги брои страните, а не и брзината на читање. Г. Ченс своите читатели ги намамуваше со ветување за накит од Tiffany.

Новите Kindle e-book таблети го препознаваат ова рипање на последната страна, па не исплаќаат кога корисникот ќе прелиста до последната страница, вели TechCrunch.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top