Врховниот суд во САД им стави крај на тужбите од патент тролови. Судот одлучи дека тужби за патенти може да поднесат единствено до судовите во кои компанијата е основана.
Досегашната пракса беше тужителот да може да поднесе тужба во било која сојузна држава во која компанијата е присутна. Со новата одлука судот едногласно со 8-0 одлучи против досегашната пракса. Преседанот е донесен во судот Hearthland против Kraft. Двете компании немаат врска со електроника и технологија, но истата одлука ќе се однесува и на сите идни одлуки.
Како ова ќе ја промени сегашната состојба? Најголем дел од патент троловите своите тужби ги поднесуваа во Источниот суд на Тексас. Тука судиите се наклонети кон патент троловите. Со поднесување на тужби во судовите во кои се основани компаниите, патент троловите ќе имаат многу потешка работа. Со оглед на тоа дека најголем дел од компаниите во САД поради даночни поволности се регистрирани во Делавер, наскоро судот во оваа држава може да има значително повеќе работа.
Веста ќе ги израдува Apple и Google кои долг период бараат начин да се споротивстават на патент троловите, вели Register.







