1 коментар 2 мин. читање 23 мај, 2017

Robocop ќе започне да патролира во Дубаи

Првиот робот полицаец денес веќе патролира по улиците на Дубаи. Зборува шест јазици, а може и да се ракува или да отпоздравува.

Роботот доаѓа со тркалца, може да поздравува, да се поклони, да зборува на неколку јазици, па дури и препознава гестикулации, јави Next Web. Роботот е висок 170 сантиметри и тежи 100 килограми. Доаѓа со технологија за препознавање на состојбата на луѓето. Може да препознае дали некој се смее, плаче или е радосен. Дополнително роботот доаѓа со технологија за препознавање на ликовите и може да ги препознае престапниците. Во креирањето на првиот робо-полицаец, заедно со полицијата на Дубаи учествуваа Google и тимот на IBM кој е зад Watson.

„Нашата цел е да им помогнеме на луѓето во трговските центри и на улиците. Robocop е најновиот регрут ви полицијата, тој е дизајниран да се бори со криминалот, да помогне градот да биде безбеден и да го зголеми задоволството на граѓаните“, вели раководителот на паметни услуги од полицијата во Дубаи.

Секако Robocop, барем засега нема да брка криминалци по улиците, туку ќе им помага на граѓаните со помали проблеми.

Властите во Дубаи нема да се задржат на ова. Полицијата до 2030 сака четвртина од активните полицајци да ги замени со роботи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top