1 коментар 2 мин. читање 12 декември, 2014

Студентските протести отворија дебата и на популарниот Reddit, собраа над 600 коментари

Оваа недела македонските студенти и дел од средношколците излегоа на протестен марш против најавените реформи во високото образование. Маршот се oдржа во среда, но коментарите и поддршката сè уште продолжуваат на друштвените мрежи. Студентскиот марш се пресели и на Reddit каде беше објавен пост дека „Ние, студентите, излеговме на улиците да протестираме… беше добар ден“. Подфорумот во моментов има над 600 коментари, а расправата е генерално конструктивна и информативна.

Покрај прашањата и објаснувањата за што станува збор, на постот доаѓаат и пораки до македонските студенти да истрајат во својата борба и поддршка од останатите Reddit корисници.

„Универзитетите треба да не научат да размислуваме, не што да размислуваме. Образованиото во моментов е испревртено. Ако ве научат како да размислувате, овие вештини ќе ги пренесете и во индустријата. Креативноста ги решавата проблемите. Ако академијата сака клуч за секое прашање, треба да отворат трговски училишта. Виситинските интелектуалци глеадаат од многу гледни точки на прашањата. Доколку прашањата се кој го откри ова или она, тогаш тоа не треба да биде универзитет“, вели еден од коментаторите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
John
John
11 years ago

Subreddit е подфорум, r/pics е subreddit, r/worldnews истотака.

Мени
Заедница
Изглед
To top