Сега може да платите за услугите на Microsoft со биткоини

во Софтвер

Отсега за услугите на Microsoft ќе можете да платите во биткоини. Крипто-валутата може да се корисит за додавање на средства на Microsoft профили кои потоа може да се користат за плаќање на услугите кои ги нуди компанијата, како на пример за купување игри на Xbox или купување апликации на Windows Phone.

„За нас ова е додавање на можности за корисниците и да им помогнеме да направат повеќе со нивните уреди на облакот. Употребата на дигиталните валути иако не е широко прифатена, порасна над првите прифаќачи. Очекуваме да продолжи со растот и им овозможуваме на корисниците да купат продукти и услуги што ќе ни овозможи да бидеме предводници во овој тренд“, вели Ерик Локхард од Microsoft за Forbes.

Microsoft е најголемата компанија досега која ги прифатила биткоинитеите, откако пред нив тоа го направија PayPal, Dell, Expedia и Newegg. Средствата од Microsoft account може да ги користите за секоја услуга од компанијата, од Xbox видеоигри, мобилни апликации, а може да се купи и Windows оперативниот систем, и телефони и таблет комјутери од Microsoft.

За сега услугата е достапна единствено во САД, но и по проширувањето на остатокот на светот, нема да можете да го направите од Македонија, бидејќи може да имате проблеми со законот, кој вели дека платежно средство Р. Македонија е денарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk