Street Fighter 5 е игра која има добри три години под појасот. Од тогаш, па до сега, играта издаде три сезонски пропусници и тони дополнителни додатоци чија севкупна цена оди над 300 евра. Желбата за вакво агресивно финансирање ги принуди повеќето фанови да го завртат грбот на играта и да ја осудат со негативни рецензии. Тоа, меѓутоа, не го менува фактот дека основната игра е исклучително добра. Во случај да сте по боречки игри, можете бесплатно да ја проверите Street Fighter 5, почнувајќи од денес, 23 април, па сè до 5 мај.
Бесплатниот пробен период ги отвора портите за целосната аркадна едиција на играта, односно надградената верзија и, покрај оригиналот, на располагање имате Arcade mode, Extra Battle Mode и Team Battle Mode. За време на овие две недели, можете да играте со сите 16 оригинални борци, плус четири борци кои беа воведени преку додатоците. Но, со Akuma, Blanka, Juri и Menat можете да играте само преку режимите: Ranked, Casual, Battle Lounge, Training, и Challenge.
Играта е бесплатна на Steam!
[…] Прочитај повеќе тука…IT.mk […]