1 коментар 1 мин. читање

Кријте драјвови со Windows Drive Hider

Не е убаво да се кријат работи. Ова е исклучително точно, но само доколку никогаш не сте биле во ситуација да морате да го делите компјутерот со некого. Најблиските знаат да ја нарушат вашата приватност и да си земат за слободат да избришат одредени фајлови, како би имале простор за некои нивни приоритети. Во овие ситуации побарајте спас во најновата верзија на Windows Drive Hider.

Windows Drive Hider 4 прави одреден драјв, или драјвови од вашиот хард диск да станат невидливи за да никој не ни знае дека постојат. Апликацијата е од пренослив карактер, не зафаќа голем простор на вашето USB, а брзо крие и открива драјвови. Драјвовите можете да ги криете не само од моментиот корисник, туку и од сите корисници на компјутерот.

Најновата, четврта верзија првенствено воведува поддршка за најновата верзија на Windows 10. Покрај ова, алатката листа корисни податоци за драјвовите, а се испорачува и како инсталационен пакет за 32, односно 64 битна верзија за оперативен систем од XP, па нагоре.

Windows Drive Hider невешто се крие тука!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top