Руски хакери му го читаат мејлот на Обама

Хакери успеаја да ја пробијат заштитата на компјутерскиот систем на Белата Куќа, и да прочитаат дел од електронската пошта на претседателот на САД, Барак Обама. Откриенот е дека сајбер нападот се случи минатата година, а поштата до која имаат пристап сепак не е државна тајна. Но, и покрај тоа што не е направена некоја поголема штета, нападот во некласифицираниот компјутерски систем, е сериозна закана за безбедноста на САД, велат од Белата куќа за New York Times. Иако се шпекулира дека нападот е направен од руски хакери, нема официјална потврда од Белата Куќа.

Најголем дел од администрацијата во Белата Куќа има по два компјутери во канцелариите, еден од нив за доверлива комуникација, а вториот со помала безбедност. Иако пробиво информациите доаѓаат од системот со помала безбедност на кој нема документи кои се државна тајна, сепак станува збор за чувствителни информации.

Телефонот и имејл адресата на претседателот не се пробиени, но пробиена е заштитата на некои од соработниците со кој г. Обама има чести разговори, па оттука имаат пристат до дел од кореспонденцијата на претседателот, односно имејл комуникација која претседателот ја испраќал и ја добивал од зафатените адреси. Дел од податоците до кои стигнале хакерите овозможуваат да имаат увид во распоредот на претседателот.

За сега нема податоци за обемот на нападот, методот со кој е пробиена заштитата на компјутерскиот систем и чувствителноста на податоците кои се одземени, како и за мерките кои безбедносниот тим ги презема за во иднина да не се повторат слични напади.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

види ги сите огласи на kariera.it.mk