0 коментари 2 мин. читање 21 јуни, 2017

Стоп за непотребните мејлови со Unroll.me, Unlist или Unsubscribera

Постојано дружење со непотребни мејлови знае да влијае негативно на вашата ефикасност и иако можете лесно да ја прекинете таквата пракса со индивидуално кликнување на unsubscribe, постои побрз начин за постигнување на истиот ефект.

Имено, бесплатни сервиси како Unroll.me, Unlistr или Unsubscriber можат да ви прикажат листа од компании кои ви праќаат мејлови и да ви пружат можности за групно отсекување на таквата пракса.

Преку едноставен и ненаметлив дизајн, Unroll.me бара да се логирате на вашиот Google, Yahoo, Outlook акаунт и потоа ви дава листа со сите испраќачи. До секоја „претплата“ стојат три опции: Add to Rollup, Unsubcribe или Keep in Inbox. Доколку изберете Add to Rollup таквите мејлови, заедно со сите други кои ќе ги обележите со истата опција, ќе ви доаѓаат групирани само еднаш дневно, во време кое вие го одредувате. Unsubcribe ги отсекува сите врски и не дозволува понатамошно добивање мејлови.

Unlistr работи на ист принцип, само во малку поразлична околина и тоа преку вашата паметна работа, iOS или Android. Таквата интеракција е бесплатно со најпознатите сервиси за мејлови, но не и за Outlook. Доколку барате помош при отстранување непотребни мејлови од Outlook потребно е да платите 20 долари годишно.

Unsubscriber зазема средна позиција и нити функционира во форма на засебен интерфејс нити пак како апликација. Unsubscriber едноставно се вметнува во вашиот мејл клиент во форма на нов Unsubscribe фолдер и секојпат кога ќе добиете мејл кој не импонира на вашите интереси, го земате и пушатате истиот во фолдерот и повеќе не добивате мајлови од таа компанија.

Unsubscriber го известува испраќачот дека не сакате да добивате мејлови од нив и додека тоа не се случи сите идни мејлови ќе бидат во Unsubscribe фолдерот

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top