2 коментари 2 мин. читање 14 февруари, 2012

Стоп за ACTA (.мк инфографик)

Стравот од АCTA се пренесе и во Македонија, иако трговскиот договор не ја вклучува земјава, ниту таа е потписничка. Можеби стравот лежи во тоа дека ако дојде време кога ќе треба да се потпише ваков договор кој е наменет против пиратеријата, македонските власти ќе потклекнат и ќе го потпишат без размислување следејќи го примерот од поголемите земји кои и угодуваат на забавната индустрија.

ACTA е трговски договор кој е наменет да спречи трговија со фалсификати и онлајн пиратеријата. Контроверзното во него е што се бара преголема контрола врз содржината која се споделува, дури и се обрзуваат интернет провајдерите да одговараат за корисничката содржина што ќе принуди воведување на мерки за мониторинг. ACTA е потпишан трговски договор од 22 европски земји и Европската Унија, покрај САД, Јапонија и други.

Договорот треба да го помине Европскиот Парламент пред да стапи на сила на континентов. Но, неговата важност диктира да биде разбран од сите, посебно од тие кои ги донесуваат законите. Затоа е и потребно да се информираат луѓето за ACTA, и за другите идни вакви закони, со цел да ја разберат суштината на проблемот, и ставот да се пренесе во било каква форма до политичарите кои, заради незнаење, лесно можат да ја одредат судбината на интернетot.

Инфографикот е објавен од stopacta.spodeli.org

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Nikolina Bogoeska
14 years ago

Внесете го текстот тука!

Мени
Заедница
Изглед
To top