Веќе долг период постои цензура и блокирање одредени сервиси и веб сајтови од страна на Иран, но сега започна уште по рестриктивна политика на властите во Иран во однос на пристап кон интернетот на своите граѓани.
Google потврдува дека дека Иранците немаат пристап до енкриптираното пребарување на Google, YouTube и Gmail уште од 10-ти Февруари. Иранската новинарска агенција Мер известува дека и други сервиси се блокирани или постојат ограничувања на истите. Моментално на 30 милиони луѓе во Иран им е оневозможен пристап до нивниот eлектронска пошта.
Компнијата за телекомуникациска инфраструктура и организацијата за информациска технологија во Иран тврдат дека не им е познат проблемот што 30 милиони граѓани го искусуваат моментално.
Постојат планови од страна на Иран да се отцепи од глобалниот интернет и да си направи „свој” интернет, несомнено длабоко модериран за да одговара на сопствента политика. Оваа тенденција да се модерира содржината на интернет, и воопшто да се блокира пристап до интернет страните и сервисите, треба да служи како рано предупредување за тоа што може да се случи ако се модерира слободниот говор и информациската слобода на луѓето. Ова може да се земе и во контекст на SOPA, PIPA и европската ACTA, ограничувањето на комуникациските слободи на западниот свет.