Stobi Audio Guide е нова македонска апликација, аудио водич за Стоби

Стоби е еден од најпознатите и најубавите археолошки локалитети во Македонија, но и во регионот. За жал, не знаеме доволно за историјата на овој локалитет. Stobi Audio Guide e аудио водич кој може да ги запознае посетителите или заинтересираните за најважните делови на локалитетот. Креатор на апликацијата е Димитар Николовски.

Користењето е едноставно, веднаш по отворањето, избирате јазик. Потоа се префрлате на мапа на која се достапни објаснувања за посебни објекти од локалитетот, пример храмот на Изида и Серапис или коцкарница.

Можеби мала замерка е што нема галерија, но тоа не би било сосем оправдано со оглед на тоа дека апликацијата треба да се користи при посета на Стоби.

Апликацијата е достапна со македонски и англиски објаснувања. Ако ја користите на македонски, апликацијата е одлична. Говорот е беспрекорен и објаснувањата се одлични. За жал, англиската верзија може и треба да биде подобра, ова најмногу се однесува на акцентот кој се слуша во говорот, а не би требало да го има.

Stobi Audio Guide е достапна за Android и iOS, апликацијата работи и кога не сте онлајн, што секако значи дека станува збор „за потешка“ апликација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments