Eден од можеби најтаинствените уреди, очилата за проширена реалност Magic Leap One ќе започнат со испорака ова лето.
Потврдено е дека Magic Leap One, барем Creator Edition ќе доаѓа со Nvidia Tegra X2 процесор, јави Venturebeat.
Компанијата ја објави оваа вест на Twitch стрим, фокусиран речиси во целост на девелоперите. Уредот е мобилен, но наменет е за користење дома.
За жал, остануваат куп прашања за технологијата. Главното прашање секако ќе се однесува на начинот на кој функционира уредот. Ова најмногу се однесува на екранот кој засега е нејасно како функционира. Секако прашање е и цената, која засега не e откриена.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







