Gone Home е видео игра која ќе се обиде да направи поинаку да ги гледате игрите кои се презентираат во прво лице. Играта доаѓа од новото студио The Fullbright Company, и интересно како и авторот на The Novelist за која пишувавме претходно, составено е од членови кои работеле на содржина за BioShock 2.
Дел од играчите ќе се присетат на авантурите и хорорите кои беа составен дел од игрите во прво лице пред жанрот да биде целосно преплавен од наслови како Call of Duty и Battlefield. Авторите на Gone Home сакаат од игрите во иднина да направат забавни симулации, но уште поважно да имплементираат подлабока приказна.
[youtube]sqSbYsUalMQ[/youtube]
„Мислам дека во видео игрите е многу поедноставно да се поистоветите со карактер на кој не му го гледате ликот. Нивниот глас и нивното присуство во светот е посилно отколку да бидете во иста соба со нив . Вашата фантазија ги пополнува празнините многу подобро од нас“, вели Стив Гејнор за The Verge.
Gone Home е достапна на Steam за Windows, Linux и Mac, а чини 19 евра или околу 1.160 денари.