Стив Џобс сакал да го купи Dropbox, но бил одбиен

во Свет

Forbes објави интересна сторија за историјата и растот на најдобриот сервис за онлајн складирање, Dropbox, во која е исто така прикажано и дека сè моќниот Стив Џобс и не бил толку моќен. Во текстот стои дека Стив Џобс закажал средба со основачите на Dropbox, Дру Хјустон и Араш Фердовси, барајќи од нив да го купи нивниот сервис, меѓутоа Хјустон и Фердовси ја одбиле неговата понуда, која наводно содржела во себе девет цифри.

Стив Џобс се сретнал со основачите на Dropbox во 2009, само две години од стартувањето на сервисот. Купувањето на Dropbox во тоа време би бил одличен бизнис потег за Apple, бидејќи ќе ја искористеле технологијата за сопствениот сервис за онлајн складирање iCloud, кој беше претставен дури оваа година, а ќе имаа и конкурент помалку. Меѓутоа Дру Хјустон и неговиот партнер сметале дека Dropbox може да успее самостојно и покрај огромната сума која би ја добиле од продажбата, како и покрај заканите на Стив Џобс дека сервисот на Apple би ги „смачкал.“

Дека основачите на Dropbox го направиле вистинскиот избор покажува фактот дека овој сервис во 2011 ќе има заработка од 240 милиони долари и покрај тоа што само 96 отсто од корисниците плаќаат за дополнителните услуги. Dropbox е еден од најбрзо растечките веб сервиси со 50 милиони корисници, а неодамна успеа да собере инвестиција вредна 250 милиони долари. Вредноста на оваа компанија се проценува на 4 милијарди долари.

Интересен податок е и тоа што Стив Балмер се обидел да го купи Facebook, меѓутоа Марк Зукенберг не се сложил. Многу паметен потег од страна на Зукенберг, со оглед на тоа што Facebook сега е гигант од невидени размери, подвиг кој тешко дека ќе се оствареше доколку беше под водство на Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Филип
Филип
14 years ago

"само 96 отсто од корисниците плаќаат за дополнителните услуги" ?