Финската компанија Rovio одговорна за мега популарната игра Angry Birds, на конференцијата Web 2.0 во Сан Франциско изјави дека дневно 30 милиони играчи поминуваат 300 милиони минути на Angry Birds. Оваа игра првично беше достапна само за iPhone, за потоа да стане достапна за сите платформи и уреди. Angry Birds месечно ја играат 130 милиони луѓе, а до сега е преземена повеќе од 400 милиони пати.
Angry Birds стана толкав феномен што Холивуд планира да започне да снима филм инспириран од оваа игра. Rovio планира да продолжи да инвестира во успехот на Angry Birds, збогатувајќи го бројот на лути птици со плус една, која ќе биде претставена на Ноќта на вештерките. На Facebook страницата веќе има најава за новата птица. До сега се продадени и повеќе од 10 милиони играчки Angry Birds.
Компанијата зад Angry Birds неодамна купи и студио за да креираат кратки анимирани видеа инспирирани од лутите птици. Исто така беше најавена и книга со разни рецепти од јајца, бидејќи во играта птиците се лути поради тоа што нивните јајца се украдено од свињите. На конференцијата Rovio исто така откри дека половина од играчите се од САД, меѓутоа Кина е вториот по големина, како и најбрзо растечкиот пазар за оваа игра.







