Иакo во моментов конзолите владеат со пазарот на видео игри, во иднина можно е сервисите во облак да го предземат приматот за платформи на кои најмногу ќе се игра. Ова би можело да биде овозможено пред се од новите иновации на nVidia, кој ќе овозможат графичките процесори да се користитат за процесирање на облак услугите.
Најновиот гејминг облак на Nvidia, кој ќе им конкурира на G-cloud и Gaikai, е наречен GеForce GRID. Целта на новата платформа ќе биде да нуди услуги со висок квалитет со латенција која ќе биде толку ниска што би изгледало како играта да работи на пример на вашиот компјутер. Според Nvidia, процесорите кои се користат во GRID имаат 3.072 јадра и моќ од 4,7 Tflop/s. Покрај ова потрошувалката на енергија по стрим е намалена за една половина, а латенцијата е под 10 милисекунди. Технологијата која е искоритена во GeForce GRID дури и ќе ја компензира оддалеченоста во мрежата, дури и кога облакот е одалечен со километри.
Според Nvidia и Citrix нивото на виртуелизација на ваквиот „виртуелен десктоп“ се интегрира со хипервизорите, и може да биде испратен (стримуван) до корисниците побрзо и со поголем квалитет. Придобивките за играчите од „GPU виртуелни десктопи“ се што нема да имаат потреба од „симнување“ на игрите, но и можноста да и пристапат на играта од било кој уред од паметни телевизори, паметни телефони, конзоли, дектоп или лаптоп комјутери, а квалитетот да остане непроменет.
Презентацијаtа на ваква гејминг мрежа беше прикажана во соработка со Gaikai, а за таа цел беа употребени GeForce GRID платформата и LG Cinema 3D Smart TV со кој се поврзаа на GPU сервер на растојание од 16 километри. Играта која беше користена за презентацијата е Hawken , која е 3D шутер (во изработка) и е ААА наслов.
[youtube]zkAJNUMGZgU[/youtube]
Придобивките за гејмерите главно се достапноста на било кој уред и било каде, но не е занемарлива замената на скапите компонети или конзоли со „паметни“ уреди. Друга голема придобивка е можноста да играте без разлика дали користите Windows, Linux, Unix, iOS или било кој друг оперативен систем. Примената на „паметни“ телефони, телевизори, таблети е доволно пробиена на пазарите во речиси целиот свет, па недостатокот на уреди преку кои би се поврзале на „облакот“ не би требало да претставува проблем. Сепак најголем недостаток е што bandwidth-от не е ист насекаде во светот па системот сега за сега не е подеднакво применлив во големите градови и руралните средини, односно во развиените држави и оние во развој.