Valve вечерва ќе ја претстави својата конзола Valve Box

во Хардвер

Под мотото „Steam Universe is Expanding in 2014“ Valve го најавува почетокот на следниот чекор на компанијата, или како што велат „проширување на гејминг универзумот“.

“Минатата година, го објавивме Big Picture, кориснички интерфејс за телевизори и гејмпади. Оваа година работиме на повеќе начини за поврзување на точките за корисниците кои го сакаат Steam во дневната соба.“, објавува Valve.

Засега останува тајна што точно ќе претстави Valve подоцна вечерва (во 19:00 по македонско време), но тоа не значи дека нема шпекулации. Се чини реално е да очекуваме дека компанијата денеска ќе ја објави својата конзола, Valve Box. Конзолата веќе ја наговести и Гејб Њувел на LinuxCon: „Во текот на следната недела ќе откриеме повеќе информации за како стигнавме до таму и кои се хардверските можности кои ги разгледуваме за доведување на Linux во дневната соба“.

Покрај денешната објава, до крајот на неделава не очекуваат уште две објави од Valve, со кој ќе заврши првата промотивна фаза на „Steam Universe is Expanding“, покрај тоа што е речиси извесно дека една од трите објави ќе биде Steam Box, засега нема нити почеток на шпекулации за другите две.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments