Седумнаесет годишниот Стефан Живковиќ од Звечане стана хит кај медиумите откако започна интензивно да известува преку својот Twitter профил за случувањата во Косовска Митровица по инцидентот во кој спрски хулигани го запалија граничниот премин Јариње во северниот дел на Косово.
Некои корисници, читатели и медиуми дури го нарекоа „херој“ за своето известување, а неговиот профил започна да го следи и српскиот министер за околина и рударство, Оливер Дулиќ, пишува 24сата.rs.
„Сите информации ги споделувам од лице место. Кога ги чув првите сирени отидов да видам што се случува и тоа го напишав на Twitter.”, вели Стефан кој сега има над 2.000 следбеници на Twitter. „Видов дека тоа ги интересира луѓето, што ме изненади, и продолжив да го правам тоа. Мило ми е што моите информации и фотографии кои ги сликав им помогнаа и на медиумите.“
FOTO: Prva barikada u nizu. Blokovi iz obliznjeg stovarista i srpska zastava. http://t.co/STdknxe #kosovo
Граѓанското новинарство преку друштвените мрежи станува се поголем извор на информации како на Балканот, така и во Македонија и во сите делови на светот. Од организирани револуции кои траат неколку недели до пренесување на кратки инциденти, друштвените мрежи стануваат се поголеми медиуми благодарение на можноста да ги поврзат луѓето креирајќи публика за секој корисник. Ова заедно со леснотијата да се слика и постира преку паметните телефони, им овозможува на корисниците, посебно на твитерџиите, брзо и лесно да пренесат информација и да станат извор за понатамошно пренесување на веста од медиумите.
Sto ima ova vrska so IT?
:) навистина …
hahha nejasno neli ..