Годинава која изминува може да остане запаметена и по почетокот на Linux како посериозна платформа за видео игри. Ова пред се може да го започне Steam кој би можел да го легитимира отворениот оперативен систем како гејминг платформа. Во таа насока е и отворањето на „игри за Linux“ за сите корисници, откако речиси пред еден месец 1.000 корисници беа вклучени во тест фазата.
Корисниците кои сакаат да ја „тестираат“ платформата можат да пробаат неколку наслови Team Fortress 2, Portal, and Serious Sam BFE, а во најава е и Left 4 Dead 2 и неколку други наслови.
Најавите се добродојдени за Linux заедницата која е заборавена од студијата кој издаваат ААА видео игри. Потегот на компанијата доаѓа по отворените несогласувања кои ги имаат со Microsoft, околу новата итерација на оперативниот систем Windows 8, но и отворенатаа верзија и несогласувања која ја имаат инди-дизајнерите на видео игри кон најпопуларниот оперативен систем, кога гејмингот е во прашање.
Сепак Valve не планираат да застанат тука. Покрај плановите за повторно враќање на PC на тронот како најкористена платформа, се поизвесно е и издавањето на PC-конзола која речиси без сомневање ќе биде базирана на Linux. Со 5 милиони дневни корисници на сервисот и вкупно 50 милиони корисници Steam многу брзо можат да им ги „заматат“ плановите на останатите производители на конзоли.







