Уште на самиот почеток да напомениме дека апликацијата е во бесплатна-лимитирана бета, па доколку имате планови да ја користите, преземете и инсталирајте ја навреме. Norton Zone Cloud Sharing е повеќе-платформска апликација со чија помош можете да правите бекап, споделувате и да ги синрхонизирате вашите податоци.
Norton Zone Cloud Sharing (NZCS) ви нуди 5 GB бесплатен простор во облакот, кој секако, може да биде зголеме со некоја претплата, а апликацијата е достапна за Windows, Mac, Android и iOS. Доколку се одлучите да го користите NZCS, сервисот нуди и заштита на вашите податоци преку patent-pending encryption key management, целосна контрола над споделените директориуми, соработка помеѓу повеќе сметки, поддршка на сите формати на датотеки и можност за враќање на датотеката до 3 месеци назад.
За да го користите овој сервис, најпрво ќе треба да се регистрирате на Norton Zone, од каде што ќе можете да пристапите и до веб интерфејсот на NZCS. Откако ќе ја инсталирате апликацијата, на вашиот компјутер ќе биде создаден директориум „Norton Zone“, во кој, очекувано, ќе бидат сместени вашите податоци од облакот.
Што се однесува до Android апликациајта, истата содржи странична лента која може да ви помогне во филтрирањето на содржината (документи, слики, музика, видео, …), а содржи и вграден прегледувач на фотографии. Останатите опции се стандардни, нуди офлајн прелистување за целата кеширана содржина, а достпана е и опција за пребарување на дататотеки.
