Звучи збунувачки, нели? Се работи за нова функционалност која ќе им дозволи на Steam играчите да ги играат нивните локални мрежни игри, па, нелокално. Преку користење интернет врска, Remote Play Together ја прави секоја игра од вашата Steam колекција, која има multiplayer, co-op, или split screen, да може да се игра онлајн.
Пример, ако некоја игра има можности само за локално мрежно играње, лицето кое ја има играта може да ја покрене и потоа да ја стримува до другите тројца играчи. Тоа значи дека само еден од четворицата играчи треба да ја има купено играта и не мора сите четворица да се буткаат на еден кауч, еден до друг. Сите можат да си седат пред нивните компјутери и на тој начин да ја искусат играта. Поради тоа, компјутерот на лицето кое ја покренува, односно стримува играта, ќе биде задолжено и за процесирање на сè што се работи од останатите тројца играчи. Интересно е тоа што, Remote Play Together сепак ќе ги прикажува сите играчи на еден екран, односно ќе го дели на четири дела, со цел да го подобро симулира „локалното, мрежно“ искуство од буткање и седење пред еден екран. Звучи чудно, да.
Бетата за Remote Play Together ќе започне од 21 октомври. За да учествувате, мора да сте член на Steam Client Beta. Таквото нешто се мести во Steam. Влезете во settings и изберете дека сакате да учествувате во бета тестирањата.
ova mi zvuci kako parsec