0 коментари 1 мин. читање 31 октомври, 2013

Стартува продавницата за додатоци за Google Glass

Новата верзија на Google Glass не е единствената новина за Glass оваа недела. Компанијата ја најави и својата продавница за додатоци за очилата за проширена реалност.

Засега продавницата единствено им овозможува на корисниците кои веќе имаат Google Glass да си докупат резерва на деловите кои може да се променат. Така за 75 долари корисниците ќе можат да си купат екстра стакло, а за 50 долари екстра слушалка, кабел и полнач или футрола за Glass, јавува Marketing Land. Иако во моментов не се достапни за во иднина се највени Shades & Shield додатоци, кои ќе бидат во соработка со Maui Jim и Zeal Optics. Засега доколку немате очила нема да може да ниту да стигнете до страната за додатоци.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top