Google и официјално го презентираше новиот Nexus уред. Како што веќе беше познато, Nexus 5 како и претходникот повторно е од LG, и е првиот телефон кој ќе доаѓа со новиот оперативен систем Android 4.4 KitKat.
Речиси сите шпекулации кои излегоа изминативе неколку месеци се точни, телефонот фоаѓа со 5-инчен (4,95) екран и супер моќниот Snapdragon 800 процесор. Покрај ова телефонот доаѓа во две варијанти 16 GB простор која чини 350 долари и 32 GB која чини 400 долари, и двете цени се за уредот без договор со оператор, очекувањата се со двогодишен пакет телефонот да доаѓа за помалку од 150 долари, предвидува CNET.
Екранот е со резолуција од 1080р и 445 ppi, телефонот има и 1,3 MP предна камера и 8 МР задна камера, а Google вели дека камерата доаѓа со забележителни подобрувања, едно од нив е минијатурен прецизен жироскоп за стабилизирање на сликата. Додаток на галеријата за фотографии е подршката за безжично принтање со која девелоперите ќе можат да овозможат поддршка за принтањето. Nexus доаѓа со 2GB RAM и батерија со капацитет 2.300mAh.
Сепак главна ѕвезда на телефонот и покрај фантастичниот хардвер е новата верзија на оперативниот систем Android KitKat. Оперативниот систем е почист и поедноставен од претходно овозможено е апликациите да бидат прикажани на целиот екран, а статус барот може да се скрие. Google ги подобри и телефонирањето, па сега додека вртат корисниците телефонот разгледува и по телефонски именик. Google Now ќе дава информации во зависност од околината во која се наоѓаат корисниците, па дури може да препорача серија или знаменитост која може да им се допадне. Покрај ова, корисниците на KitKat за испраќање на SMS пораки ќе може да го користат Googlе Hangout.
Барем на прв поглед Nexus 5 изгледа дека ќе биде навистина огромна конкуренција на iPhone 5, Galaxy S4 или HTC One и тоа за цена која е значително пониска. Ќе биде интересно да видиме дали Nexus 5 ќе ја доживее судбината на претходникот кој веднаш беше распродаден.









Дали има некој било каква информација за тоа кога ќе може да се купи овој уред во МК?