3 коментари 2 мин. читање

Стартува новиот Facebook интерфејс за фотографии

Со новиот интерфејс се претставени навистина привлечни промени, правејќи го Facebook конкуренција на >Flickr и дека планира да го превземе пазарот на споделување слики, и тоа не само според бројот на споделените фотографии Facebook

Кои се промените и што да очекуваме?

  • Слики со висока резолуција, до 2048 пиксели широки или високи, во споредба со сегашниот стандард кој е 720 пиксели.
  • Линкови за симнување на сликите, секоја слика која ќе ја качите ќе има линк за симнување во JPEG формат.
  • Тагирање на „купче” (bulk tagging) – оваа алатка ќе препознае кога некое лице се појавува повеќепати во еден албум, и ќе можете наеднаш да ги тагнете сите слики од пријателот. Од Facebook велат дека ова не е технологија за препознавање на лица и неможе автоматски да го поврзе лицето со профил, односно идентитет, тоа ќе мора да го направат самите корисници.
  • Нов интерфејс за гледање на сликите, што е и најинтересната новина. Сега, откако ќе кликнете на слика било каде на Facebook таа ќе се појави во една црна кутија која ќе се појави најгоре врз профилот. Ќе има минимални контроли за навигација и споделување, што значи ќе може да се фокусирате на сликата комплетно. Пример е сликата горе.

Корисниците на кои веќе им е овозможена оваа опција не се многу задоволни од тоа што им го нуди Facebook, но како што видовме низ текот на годините, тоа се случува за секоја промена која се воведува во сервисот.

Како и да е, сигурна сум дека оние кои поминуваат најмногу време на Facebook гледајќи ги сликите на своите пријатели ќе бидат пријатно изненадени.

@TAtanasoska добра работа е што е поголемо местото за сликите, претходно врз сликата имаше доста празно место, некако пофункционално еless than a minute ago via Saezuri

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top