Стартува Angry Birds Go со предмети во играта кои чинат и по 100 долари

Rovio, креаторите на хит играта за мобилните платформи, наскоро ќе издадат нова верзија Angry Birds Go. Но, овој пат корисниците нема единствено да ги лансираат птиците со џиновски чатал, туку ќе ги лансираат сосе возила и ќе се тркаат со нив. Новата игра е веќе достапна во Нов Зеланд, јавува Android Police.

Но, играта веднаш наиде на критики од фановите кои велат дека е преполна со предмети кои се продаваат во играта, од кои некои се прескапи Предметите во играта можете да ги купите со парички кои се собираат во играта или скапоцени камења кои се купуваат. Покрај ова дел од карактерите се заклучени и се отклучуваат како во Angry Birds Star Wars 2. Можеби најголем проблем на играта се возилата кои можат да се надградуваат или да се купат од продавницата, а чинат неверојатни 100 долари.

Изненадување е преголемото брцање на Rovio во џебот на купувачите, со оглед на тоа дека компанијата досега добро ги балансираше продукот и финансиите. Вообичаено игрите излегуваа бесплати со подржани реклами за Android, ситни претплати за HD верзија и некои бонуси кои не се пресудни во играњето.

[youtube]5xP12tpJrl8[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments