2 коментари 1 мин. читање

Mega на Ким Дотком сега е достапна и на iPhone

Облак складиштето на Ким Дотком, Mega, конечно ја доби најавуваната апликација за iOS. Апликацијата за iPhone беше ветена уште пред четири месеци кога излезе Android верзијата. Корисниците на iPhone сега полесно ќе можат да споделуваат фајлови или едноставно само набрзина да ги прегледаат. Засега нема синхронизација со камерата, но според најавата оваа опција ќе дојде во некоја од следните надградби заедно со iPad верзијата.

Следен чекор за Mega облакот е верзија на апликацијата за десктоп платформите и тоа според најавата за сите оперативни системи: Linus, OS X и Windows. Месечната претплата за Mega е 11 долари или 120 долари годишно, а за оваа сума претплатниците имаат 500 GB простор и 1.000 GB сообраќај.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top