Микро компјутерите вообичаено доаѓаат на плочка чија големина најчесто е колку телефон. Но, Mouse Box, новиот прототип на Преземислав Стрежелик, е компјутер кој е сместен во глувче, кое и онака сакате да го користите со компјутерот. Се што дополнително би ви требало е монитор.
„Наскоро нема да биде потребно да купувате неколку уреди за компјутерот да ви биде постојано при рака. Mouse Box ја користи функционалноста на компјутерското глувче, уред кој долго време е незаменлив за ракување со компјутерите“, велат на сајтот на Mouse Box.
Mouse Box доаѓа со 1.4GHz ARM процесор, 128GB флеш-диск, Wi-Fi и micro HDMI слот за поврзување со монитор. Дополнително на уредот е пронајден простор и за 2xUSB 3.0 портови, жироскоп и акцелометар. Креаторите велат и дека работат на Mouse Pad кој ќе служи како полнач. Покрај работа како мини-PC, уредот може да се користи и како класично компјутерско глувче. Флеш-дискот може да се користи и за префрлање на податоци, односно како конвенционален USB-стик, а доколку просторот од 128МВ не е доволен, постои и можност за зачувување на податоците во облакот.
За сега Mouse Box нема цена, бидејќи сè уште во фаза на прототип, но развивачите за Mybroadband велат дека уредот ќе биде многу евтин и ќе биде достапен глобално кога ќе биде завршен.
[youtube]4z_DOsbm1X8[/youtube]







