Nvidia претстави графичка картичка за DotA и LOL

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Nvidia претстави нова графичка картичка наменета за MOBA игрите. GTX 960 е новиот член на GTX 9xx фамилијата графички картички, и иако има послаби перформанси од GTX 970 и GTX 980, сепак доаѓа со значително намалена цена, вели Verge.

Картичката е наменета за корисниците кои не бараат премногу од игрите, и според Nvidia, фокус за х60 сериите секој пат се играчите на MOBA игрите (DotA, League of Legends) кај кои графичките побарувања се поскромни. Картичката всушност ја рендерира графиката во 4K резолуција, а потоа ја конвертира во 1080р што овозможува креирање на помазна графика во споредба со претходните картички од GTX х60 серијата. Дополнителна предност која за дел од корисниците не е занемарлива, е што картичката ја „движи“ League of Legends со напојување од 30W што може да се користи без кулерите и има супер тивка работа.

GTX 960 доаѓа со поддршка за DirectX 12 кој ќе биде достапен наскоро. Картичката е веќе достапна, а цената која ја препорачуваат од компанијата е 200 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments