Стартап од Израел тестира електрични патишта што ги напојуваат возилата

Image Courtesy of ElectroRoad

До 2030 година патиштата ќе можат безжично да ги полнат електричните возила. Израелскиот стартап Electroad има идејно решение кое веќе успешно ги помина првите тестови. Стартапот веќе е добитник на финансии од фондот на Европската Унија, Horizon 2020.

Идејата на стартапот не само што е практична, туку е и едноставна за изведба на веќе постоечки патишта. Еден километар пат може да се приспособи за еден ден, тврдат од Electroad. Процесот на поставуање е едноставен, најпрво се копа канал длабок 8 сантиметри, потоа втора машина минува зад првата и ги инсталира инверторите и веднаш ја покрива дупката.

Image Courtesy of ElectoRoad

Возилото се полни преку 24-сантиметри воздушен сјај. Решението овозможува и локализација на зрачењето, па тоа воопшто нема да дојде до возачот и до останатите учесници во сообраќајот. Клучно за имплементација на решението е можноста на возилата кои се напојуваат на овој начин да можат да возат делови од делниците на кои нема да има систем за безжично полнење.

Новите патишта ќе овозможат редизајн на дел од возилата, пред сè на градските автобуси. Возилата нема да имаат потреба од големи батерии, туку на помали батерии со кои возилата ќе можат да поминат 5 километри. Ова ќе ја намали цената на автобусите за околу 300.000 американски долари, а и дополнително ќе ја зголеми носивоста, бидејќи батеријата може да тежи и до 1 тон.

Наскоро стартапот ќе започне со тестирање низ јавните патишта во Тел Авив.  Досега тестовите се ограничени на тест патеката која е долга едвај 20 метри, јави Inhabitat.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments