AMD Vega графичките картички ќе бидат достапни на пазарот оваа година

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Уште не сме ги виделе AMD Polaris графичките картички за ентузијасти, а компанијата веќе ја најавува новата архитектура. За оваа пригода компанијата имаше видео и тајмер кој одбројуваше до презентацијата. Последната секунда од тајмерот истече на почетокот на CES, а компанијата веќе откри дел од можностите на Vega.

Новите графички од AMD можеби се потврда за тврдењата дека RX 400 серијата не може да им конкурира на Nvidia. Дел од аналитичарите се сомневаа дека можностите на GTX 1070 и 1080 се над можностите на 400 серијата. Поради ова фановите на AMD беа принудени да чекаат на Vega. За првите картички со оваа архитектура ќе мора да причекаме уште малку. AMD ги најавува за крајот на првата половина на 2017.

Засега сепак нема премногу нови податоци, но новата серија делува супер брзо. Според презентираните тестови на неколку игри Vega графичките картички се побрзи дури и од GTX 1080 на Nvidia, пренесува PC World. Првиот тест на DOOM покажува дека Radeon Vega на 4К резолуција на „Ultra“ без проблем презентира 60-70 fps. На Star Wars: Battlefront комбото Ryzen и Vega успева да репродуцира 60 fps. За споредба GTX 1080 на истите игри е 60 и 50 fps.

Новите графички картички на AMD ќе доаѓаат со HBM2, следна генерација на HBM (High Bandwidth Memory). Новата технологија овозможува простор за 512TB виртуелни адреси. Ова овозможува побрзо завршување на дел од работите, пример рендерирање.

Нова „pipeline“ технологија ќе овозможи поефикасна, а со тоа побрза презентација. Така, иако дел од сцените во видеоигрите имаат милиони полигони, најголем дел не се видливи за играчот. Со новата технологија видливите сцени ќе имаат поголем приоритет. Дополнително доколку неколку пиксели се еден над друг, пикселите кои не се видливи нема да бидат рендерирани.

Перформансите на презентираните картички не се дотерани до крај. Ова значи дека сепак има простор и за подобрување на перфомансите. Според најавите новите графички со Vega-архитектура може да ги очекуваме кон крајот на првата половина на 2017.

Ова значи дека 2017 ќе биде вистински важна година за AMD. Компанијата го најави новиот процесот Ryzen за оваа година. Според најавата по подолго време ќе бидат конкурентни на Intel процесорите. Со графичките е малку поинаку, последната серија на графички е конкурентна во почетна и средна класа, иако не доволно да ги возбуди корисниците. Она што е придонес на Radeon RX 4xx серијата е значителниот пад на цената на сите графички од основната и средната класа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments