Стартап лекции од Embed Social и South Central Ventures

(Ова е гостински пост од Ирена Ефремовска, ко-организатор на Startup Grind Skopje и во „слободно“ време менаџер за иновации во South Central Ventures)


Oколу четириесетина стартап ентузијасти и основачи го преполнија ко-воркинг просторот Coffice каде се одржа 10-тиот Startup Grind Skopje, да ги чујат приказните и стартап искуствата на Катерина Стојановска од Embed Social, и Ивана Станковиќ од балканскиот инвестициски фонд South Central Ventures.

12189331_1537322326558278_3912775169307391365_o

Катерина, која има искуство со основање на успешни компании – таа е ко-основач на маркетинг агенцијата IM.mk, и основач на Embed Social, стартап за испраќање на Facebook нотификации за да се поттикне интеракција помеѓу брендот и корисникот – зборуваше дека треба да го следите вашиот инстинкт за бизнис,  и за кои предизвици ќе се соочите додека работите на таа идеја. Еве неколку совети:

  • следете ја вашата ДНК, односно работете во тоа „за што сте родени”, тоа што ви е специјалност и страст. Интересен пример е производот Шнајдер, апликацијата за кориснички дизајнирани маички, кој Катерина и тимот го лансираа во 2011-та година. Една од причините за неуспехот на овој производ е тоа што принтање маички не е специјалност на тимот интернет маркетинг волшебници. Иако апликацијата и процесот на нарачки беше беспрекорен, најголемите поплаки беа за квалитетот на печатените маички;
  • мора да имате клиент за да имате бизнис. Ако немате клиент имате само интересна идеја и хоби. Немате бизнис;
  • најдете инспирација надвор од канцеларија, зборувајте со потенцијални клиенти;
  • до големи клиенти се доаѓа со препорака на некој кому клиентите му веруваат. Конкретен пример е кога Студио Модерна им пристапиле на Embed Social откако некој на кој тие му верувале им препратил е-книга за Twitter, која тимот на Embed Social ја подготвил и објавил на нивниот блог;
  • направете бизнис план, пополнете апликација за инвестиција… тие прашања ќе ви помогнат сами да ја заокружите сликата за вашиот бизнис;
  • кога работите на е-бизнис и живеете во Македонија не заборавајте да ги земете ги предвид провизиите за онлајн плаќање;
  • одeте на големи настани, конференции релевантни за вашата индустрија и директно да стапувајте во контакт и да барајте фидбек од влијателни корисници на друштвените мрежи;
  • размислувајте и делувајте win-win. Сан Франциско е град со компании вредни милион долари буквално на секој метар квадратен бидејќи има култура на помош, поддршка и несебично давање фидбек помеѓу заедницата. Ајде да работиме на тоа, за конечно и од тука да излезе првото навистина поголемо нешто.

12143355_1537324276558083_5912353520945335671_n

По советите за стартапите, следеа совети од инвеститорите. Ивана од South Central Ventures, балканскиот инвестициски фонд кој има околу 40 милиони евра за инвестирање во регионални стартапи, го претстави фондот пред присутните, нагласувајќи неколку клучни работи:

  • одличен тим и високо ниво на интегритет е првото нешто што се бара од потенцијалните тех компании во кои би се инвестирало.
  • Производот, технологијата и решението е важно но, тимот кој стои зад тоа ја носи најголемата тежина;
  • рангот на инвестициите е до 100.000 евра за „seed investments” и до 3 милиони евра за „early to growth stage investments”;
  • просечно потребно е до околу 6 месеци да се затвори една инвестиција и околу 3 недели за парите да „легнат” на сметката на бизнисот;
  • со инвестицијата, South Central Ventures добиваат малцинско учество во бизнисот, или околу 10% за „seed investments” и до максимум 49% за „early to growth stage investments”;
  • само бизниси кои таргетираат глобален пазар се во рамки на инвестицискиот фокус на South Central Ventures;
  • South Central Ventures се активни инвеститори. Тоа значи дека помагаат при стратешки одлуки, нудат пристап до знаењето и контактите на некои од најуспешните инвеститори и претприемачи од регионот со цел да се помогне интернационалниот развој на бизнисите;
  • идеално, South Central Ventures очекува да излезе од бизнисот за 5-7 години;
  • отворени се контакт и закажување состанок со канцеларијата во Скопје. Доколку не ги познавате може да им пристапите сами но, уште подобро е доколку ве препорача и поврзе некој кој има кредибилитет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk