На 10 април, во Скопје ќе се одржи настанот „The Power of a Regional Ecosystem: Dare2Scale Western Balkans“, посветен на стартапи подготвени за раст и регионална експанзија.
Стартап Клуб Скопје и Endeavor Bulgaria го најавуваат регионалниот настан „The Power of a Regional Ecosystem“, кој ќе се одржи на 10 април во просториите на Стартап Клуб Скопје. Настанот ќе опфати претставување на програмата Dare2Scale која има за цел поддршка на основачи кои се подготвени да го скалираат својот бизнис и да се поврзат со глобалната претприемачка мрежа на Endeavor.
Програмата на настанот ќе вклучува обраќање од страна на Камелија Кошарова и Иво Атанасов претставници од Endeavor Бугарија и Ана Секуловска претставник од Стартап Клуб Скопје, како и инспиративни говори од Дамјан Дано основач на стартап компанијата Aqtos и Мартин Марков основач на стартап компанијата Appolica, Бугарија – двајца претприемачи со лично искуство од програмата Dare2Scale. Во рамки на настанот ќе се одржи и дискусија на тема „How to Product“, модерирана од Ана Секуловска програмски директор во Стартап Клуб Скопје.
Настанот е отворен за основачи на стартапи, ментори и млади претприемачи, со почеток во 18:00 часот, настанот ќе биде заокружен со неформален networking дел, со можност за директни разговори со тимот на Endeavor.
Регистрацијата е бесплатна, но бројот на места е ограничен. Сите заинтересирани може да се пријават на следната форма: https://forms.gle/oahu7ZQU6Ku4ByV37
За повеќе информации околу настанот и говорниците заследете ги социјалните мрежи на Стартап Клуб Скопје Facebook, Instagram и LinkedIn.







