Стартап ќе сади 36.000 дрвја дневно со беспилотни летала

во Свет

За жал, секоја година во светот се сечат 26 милијарди дрва, а се садат само 15 милијарди. Но, стартапот BioCarbon Engineering е решен да го изедначи овој резултат. „Рачното садење на дрва, е бавно и скапо, но најголем проблем е што не може да се спротистави на темпото со кое ги сечеме дрвата. Нашата технологија треба да овозможи зголемување на бројот на засадени дрва“, вели Лорен Флечер основач на BioCarbon Engineering.

Стартапот работи на беспилотно летало со чија помош ќе може да засадат милијарда дрва годишно. Начинот кој го осмисли BioCarbon Engineering е следниот – најпрво беспилотното летало лета над теренот и врши процена за пошуменоста на локацијата. Доколку постои можност за дополнително пошумување леталото се спушта на висина од 2 до 3 метри и ја „испалува“ садницата со доволна брзина да биде вкопана во почвата. Семето е обложено со хидрогел со хранливи состојки кои ја зголемуваат веројатноста дека дрвото ќе порасне.

Дроновите можат да засадат 10 дрва секоја минута, а само со два оператори можно е дневно да се засадат 36.000 дрва, а цената на ова садење е само 15 отсто од рачното садење на дрва, пренесе Fast Company.

UAE Drones for Good England from zee on Vimeo.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Igor Gjurovski
11 years ago

Во оваа прекрасна 99%ПР и 1%технологија прича може да поверува само човек што нема појма од дронови и од садење дрвја, а за жал тоа се 99.9% од луѓето.

1. На дронот му треба енергија. Не може туку така да си летка… Тоа значи слетување на секои 15 минути за промена на батериите. Колку комплети батерии ќе носат батките/оператори со нив надвор од населено место. Можат да ги полнат на лице место ама за тоа треба време.
2. Топките со говна и семка што дронот треба да ги испалува треба да стојат во некој магазин. Дронот треба да слетува кога топките ќе се потрошат за да го смени магазинот.

Така да 2 оператори 36.000 дрвја дневно е само првоаприлска шега…

Поздрав, супер сте само така продолжете…